Варди потпиша нов договор со Лестер

Џејми Варди ја потврди лојалноста кон Лестер потпишувајќи нов договор со „лисиците“. Овој 33-годишен фудбалер имаше уште две сезони од актуелниот договор со Лестер, но двете страни се договорија соработката да продолжи за уште една дополнителна година.

Варди и минатата сезона играше во извонредна форма, завршувајќи ја со 23 постигнати погодоци и закитувајќи се со признанието за најдобар стрелец во Премиер-лигата.

Специјално е чувството повторно да ја продолжам верноста кон Лестер. Уживам играјќи за нашите навивачи и пресреќен сум што ќе продолжиме заедно во оваа авантура, Имаме фантастичен тим што може да биде уште подобар и со нетрпение очекувам да видам какви резултати ќе оствариме во годините што следат“, истакна Варди.

Се вчитува...