Василије Мициќ ја среди Барселона

Анадолу Ефес запиша неочекувана победа на гостувањето против лидерот Барселона во 24. коло од Евролигата, триумфирајќи со 86-88.

Херој во триумфот на турскиот тим е Василије Мициќ кој натпреварот го заврши со 26 поени, дополнети и со пет асистенции и три скока. Со 19 поени натпреварот го заврши Шејн Ларкин, додека во редовите на Барселона се издвои Никола Миротиќ со 24 поени и пет скока.

Се вчитува...