Васоски: Добро тренираме, но немаме среќа со натпреварите

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски, не го крие разочарувањето што лошите временски услови ги замрсија неговите сметки околу воигрување на тимот. Поради обилен дожд „вардарци“ досега комплетираа само еден од трите пријателски натпревари, против Дравиња мораше да биде прекинат мечот во 60 минута, а против Ал Аин на полувремето поради силно невреме.

„Задоволен сум од подготовките во целина, само што ете, немаме среќа со натпреварите, односно истите не се играат како што треба до крај поради лошо време. Ни остануваат уште неколку дена од подготовките, имаме уште два натпревари на кои се надеваме дека се ќе биде во ред. Играчите тренират максимално коректно, без никаков проблем ги исполнуваат задачите, и се е во најдобар ред“, истакна Васоски.

„Црвено-црните“ поради недобивање на лиценца не настапуваат во европските купови летово, a воедно се казнети и со забрана за трансфери, што сериозно ќе ја отежне работата на Васоски во наредниот период.

Се вчитува...