Васоски: Жикица Тасевски направи неверојатна работа со Македонија ЃП сезонава

Вардар ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров во дербито на 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „црвено-црните“ Александар Васоски вели дека тренерот на ѓорчепетровци завршил неверојатна работа годинава.

„Имам голема почит за Жикица Тасевски. Заврши неверојатна работа со тимот на Македонија ЃП. Иако никој не ги сместуваше меѓу фаворитите на почетокот на сезоната тие се во борба за првите позиции во домашниот шампионат. Како и на секој меч Вардар и на овој дуел ќе оди на победа. Календарот е згуснат има мал замор кај фудбалерите што е нормално, но добро е тоа што немаме големи проблеми со повреди. Очекувам многу интересен натпревар, па на крајот нека победи подобриот“, изјави Васоски. 

Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за во недела во 13 часот.

Се вчитува...