Васоски на преговори со Сараево: Ги искажал своите барања, сега чека одговор од клубот

Александар Васоски пристигнал во Сараево и имал средба со челниците на клубот, искажувајќи ги своите барања и запознавајќи се со условите и со плановите на екипата. Меѓутоа Васоски на излегувањето од состанокот само кратко им одговорил на новинарите:

„Ве молам имајте трпение. Ќе се знае се за 1-2 дена“, рекол Васоски.

Васоски е блиску до превземање на клупата на прволигашот од БИХ, а тоа би значело дека Академија Пандев би барал нов тренер. Ако падне договор, ова ќе биде прв интернационален предизвик за Васоски како тренер. Покрај Академија, тој беше на клупата на Вардар.

Се вчитува...