Васоски против Тасевски: Тактички мегдан за бодови на „Тодор Проески“

Вардар ја пречекува Македонија Ѓорче Петров во дербито на 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „црвено-црните“ Александар Васоски очекува интересен натпревар нагласувајќи дека тренерот на ѓорчепетровци завршил неверојатна работа годинава со тимот сезонава.

„Имам голема почит за Жикица Тасевски. Заврши неверојатна работа со тимот на Македонија ЃП. Иако никој не ги сместуваше меѓу фаворитите на почетокот на сезоната тие се во борба за првите позиции во домашниот шампионат. Како и на секој меч Вардар и на овој дуел ќе оди на победа. Календарот е згуснат има мал замор кај фудбалерите што е нормално, но добро е тоа што немаме големи проблеми со повреди. Очекувам многу интересен натпревар, па на крајот нека победи подобриот“, вели Васоски.

Тренерот на тимот од Ѓорче Петров, Жикица Тасевски, пак, вели дека и покрај сите проблеми со кои се соочува Вардар секогаш е голем клуб и голем предизвик.

„Како прво имам голема почит кон Александар Васоски како тренер. Од друга страна какви и да „дуваат ветришта“ во Вардар тој секогаш е голем клуб и е голем предизвик. Последниот натпревар против Шкупи одиграа одлично и заслужија да победат. Иако сме заморени од згуснатиот распоред ние ќе дадеме максимум на мечот и одиме на победа. Се надевам дека ќе одиграме добар меч, а на крајот се разбира нека победи подобриот противник“, ни изјави Тасевски.

Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан од 13 часот.

ПРВА ЛИГА – 17. коло (денеска, 13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – СИЛЕКС

Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА

ВЧЕРА

РЕНОВА – ШКУПИ 0-0

Се вчитува...