Васоски се збогуваше со Вардар: Ветив дека останувам до декември, па сега доста е!

Александар Васоски, како и што се очекуваше, со крајот на есента ја завршува приказната на клупата на Вардар. По триумфот на гости против Беласица во последното коло од есенскиот дел, Васоски се збогуваше со фудбалерите и клубот кого го чека повторно неизвесност.

И покрај најавите, сопственикот Сергеј Самсоненко се уште ги нема подмирено долговите кои го заробиле најтрофејниот македонски клуб, па Васоски нагласува дека нема повеќе сили да се бори.

„Почитувани спортски пријатели, навивачи на Вардар, почитувана спортска јавност. Сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам за поддршката која му ја дававте на Вардар во овој тежок период за клубот. Почитувани вардарови фудбалери, вашите имиња треба да се впишат со златни букви во историјата на овој клуб, затоа што не дозволивте клубот да доживее црно сценарио. Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе останам, но немам веќе сили да се борам. Затоа од денеска официјално не сум тренер на Вардар. Благодарност до „Комитите“ и сите поддржувачи на Вардар и мој апел до надлежните да не се дозволи најсветото нешто во македонскиот фудбал да згасне“ – се  вели во реакцијата на Александар Васоски.

Александар Васоски во Вардар дури четири години мина како асистент а потоа од 2018 година и предводник на црвено-црните.

Се вчитува...