Васоски: Штета… Можевме да го добиеме Шкупи

Вардар одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Шкупи во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ можат да жалат што не освоија три бода, бидејќи пропуштија многу шанси. Тренерот на вардарци, Александар Васоски вели дека е навистина штета тоа што неговиот тим не дојде до три бода на овој меч.

„Штета, навистина штета. Имавме многу шанси кои не ги искористивме. Во една акција два пати ја погодувавме рамката на голот при водство од 1-0. Шкупи не казни за нашите грешки и на крај освоивме само бод. Не ни се случува првпат вакво нешто сезонава. Со Пелистер во 90. минута изгубивме два бода, истото се случи и со Ренова. Тоа е што е. Одиме понатаму, ова е млад тим кој има уште многу да учи. Не очекуваат уште два меча во есенскиот дел од шампионатот, а потоа ќе анализираме се што сме направиле и до каде е тимот“, изјави Васоски. 

 

Во следното коло кое на програмата е веќе во недела Вардар ќе ја пречека Македонија ЃП.

Се вчитува...