Васоски: Вардар не знае да игра на нерешено, одиме на победа против Борец

Со мечот меѓу Борец и Вардар се отвора 12. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „црвено-црните“ Александар Васоски вели дека Вардар е тим кој никогаш не калкулира и секогаш оди на победа.

„Како што ќе рече и селекторот Игор Ангеловски исто како и Македонија и Вардар не знае да игра на нерешено. Ќе се обидеме да доминираме во секој сегмент од играта и да дојдеме до посакуваните три бода. Борец на домашен терен секогаш е незгоден противник, а годинава играат доста солидно. Сепак и покрај сите проблеми јас сум тренер кој секогаш оди на победа и затоа така ќе биде и на овој меч. Иако на последниот меч против Струга се извлековме во финишот, на претходните натпревари среќата не беше на наша страна и во финишот губевме добиени натпревари. Затоа се надевам дека тоа сега ќе се промени и ќе дојдеме до три бода“, изјави за ЕКИПА, Васоски. 

Натпреварот меѓу Борец и Вардар кој ќе се игра на градскиот стадион во Велес е закажан за утре со почеток во 13 часот.

Се вчитува...