Васовски: Одлични подготовки во Словенија, младите имаат потенцијал да бидат првотимци

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар ги заврши подготовките за новата сезона кои ги реализираше во Словенија. Тренерот на „црвено-црните“ Александар Васовски е задоволен од тоа што го видел на подготовките, велејќи дека посебно е задоволен од младите фудбалери кои имаа шанса да се докажат.

„Добро поминавме во Словенија, она што го планиравме го одработивме. Штета само за тие два пријателски натпревари што не завршија, но не можевме ништо да сториме. Во секој случај јас сум задоволен од подготовките. Имавме многу млади играчи, на некои од нив ова им беа веќе втори или трети подготовки, и веќе се чувствува нивното искуство. Тие се наметнуваат како стандарни првотимци, и на нив можеме да сметаме и во идната сезона и во следните кои доаѓаат. Навистина овој тим има перспектива. Драго ми е што младите играчи покажаа дека сакаат да работат, да се наметнат и да бидат дел од сениорите. Како што е познато, ние мораме во тимот да имаме еден играч под 21 година, и навистина можам да кажам дека на некој начин ќе бидам на „слатки маки“ за тоа место“, изјави Васоски. 

Вардар во првото коло од новата сезона во ПМФЛ ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров.

Се вчитува...