Вавринка мора на операција, „во аут“ до 2018 година

Станислас Вавринка го очекува долга пауза од терените откако швајцарскиот тенисер објави дека ќе мора да оди на операција за да ги реши проблемите со коленото што го мачат веќе извесно време. Тој веќе најави дека ќе ги пропушти следните Мастерс-турнири во Северна Америка, но по најновиот развој на настаните јасно е дека Вавринка нема да игра ниту на УС Опен, а неговиот камбек на терените може да се очекува дури во 2018 година.

Со жалење објавувам дека по консултациите со мојот тим и со докторите морав да донесам тешка одлука да ми биде извршена операција на коленото. Тоа беше единствената опција со која се осигурувам дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво уште многу години. Јасно е дека разочарувањето е големо, но веќе почнав со планирањето на рехабилитациската програма. Го скаам овој спорт и ќе работам напорно за што поскоро да се вратам на терените. Се гледаме во 2018“ – порача Вавринка преку својот профил на социјалните мрежи.

Ова ќе значи и негов пад на АТП-листата со оглед на фактот дека Вавринка ќе загуби 2.000 бодови само од неиграњето на УС Опен, каде лани ја освои титулата.

Се вчитува...