Вчера го „урна“ Манчестер Сити, денеска потпиша нов договор со Астон Вила

Фудбалерот на Астон Вила и полски репрезентативец, Мати Кеш, го продолжи договорот со клубот од Бирмингем до јуни 2029 година, објави денес клубот од англиската Премиер лига.

28-годишниот Кеш се приклучи на Астон Вила од Нотингем Форест во 2020 година. Тој одигра 193 натпревари за клубот од Бирмингем и постигна 12 гола.

Кеш беше единствениот стрелец за својот тим на вчерашниот натпревар од деветтото коло од Премиер лигата против Манчестер Сити (1:0).

Астон Вила е на осмото место на табелата во Премиер лигата со 15 бода.

Се вчитува...