Вдовицата на Коби доби отштета од 16 милиони долари

Вдовицата на Коби Брајант, Ванеса доби отштета од 16 милиони долари поради објавените фотографии од хеликоптерската несреќа во која загинаа американската кошаркарска ѕвезда и нивната ќерка во 2020 година.

Ванеса Брајант (40) изјави дека имала напади на паника откако дознала дека сликите направени од полицијата и пожарникарите од Лос Анџелес на местото на несреќата се прикажуваат и споделуваат. Федералниот суд пресуди дека округот мора да и плати отштета на Ванеса Брајант за емоционална вознемиреност.

Легендата на НБА, Коби Брајант (41), ќерката Џиџи (13) и шестмина нивни пријатели загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во Калифорнија во јануари 2020 година. Тужителот Кристофер Честер, кој ги загуби сопругата Сара и ќерката Пејтон во хеликоптерска несреќа, ќе добие отштета од 15 милиони долари.

Во ноември минатата година, округот се согласи да плати 2,5 милиони долари за емоционалното страдање на семејствата кои ги загубија своите најблиски во несреќата, но Ванеса Брајант не го прифати тоа. Таа и Крис Честер заедно поднесоа федерална тужба. Адвокатот на обвинетиот неуспешно тврдеше дека „неопходно е да се фотографираат на местото на несреќата“ и дека фотографиите никаде не биле јавно објавени.

Се вчитува...