Кошаркарските клубови Црвена Звезда и Партизан, ден после дербито се „расфрлаа“ со соопштенија. Црвена Звезда истакна шокираност од лагите кои ги изнел Матијас Лесор, како што го нарекоа, новиот водач на навивачите на јужната трибина.
Лесор претходно кажа дека Петрушев го издишил во текот на мечот, а Црвена Звезда се огласи со ново соопштение во кое најави тужба.
„Помисливме дека после оваа изјава во која изнесе груби невистини по кои Петрушев го „издишал“ Лесор, дека можеби е потребно да се извиниме на човекот кој е сред белград како гостин со привремена работа во Белград, учичарски, со боксови го нападна нашиот кошаркар. Својата невистина Лесор, кому ова не му е првпат да предизвикува инциденти, ќе биде во шанса да ја повтори пред надлежните органи, затоа што според законите во Република Србија во која заработува пари, ќе биде должен да даде изјава за фиички напад на играчот Филип Петрушев, и после Обвинителството ќе донесе одлука за поднесување кривична пријава. Во оваа прилика ја известуваме јавноста дека во просториите на градското МВР во среда ќе даде изјава репрезентативецот на Србија и првотимец на Црвена Звезда, Филип Петрушев. КК Црвена Звезда бара суспендија за Лесор до крајот на сезоната“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА