Вечното дерби во НБА за Бостон, Богдановиќ одново предводник на Атланта (ВИДЕО)

Џејлен Браун со 40 поени и 9 скока беше предводник на Бостон до гостинската победа во „Ел-Еј“ против Лејкерс со 113-121. Во домашниот состав најрасположен беше Хортон-Такер со 19 поени, 7 скока и 6 асистенции, додека него го следеше Марк Гасол со 18 поени и 4 скока.

Боган Богдановиќ продолжи со одличните партии со дресот на Атланта. Српскиот интернационалец во поразот од Милвоки со 109-120 забележа 28 поени на кои додаде и 7 асистенции и 6 скока. Него го следеше Хил со 18 поени и 5 скока, додека на спротивната страна на паркетот Дру Холидеј со 23 поени и 7 асистенции.

Во останатите натпревари, Голден Стејт на крилјата на Стеф Кари и неговите 33 поени и 5 асистенции стигна до победа од 101-119 над Кливленд, додека Феникс ја забележа и четвртата победа во низа откако славеше над Сакраменто со 122-114.

Се вчитува...