Вечното дерби во Србија ќе се игра со навивачи?

Српските власти размислуваат за комплетно олабавување на мерките на фудбалските стадиони и дозвола за натпревари со присуство на публика. Тоа би можело да се случи веќе за „вечното“ српско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда кое е закажано за 17. октомври. Претседателот на медицинската комисија на ФСС, д-р Миљко Ристиќ, најавува таква можност во наредниот период.

„Како што стојат работите во моментот, одлуката за враќање на навивачите на стадионите во нашата земја е на Кризниот штаб, во координација со ФСС и со УЕФА. Кризниот штаб засега не се огласува, но мислам дека е дојдено време за да се вратат навивачите на трибините. Тоа е реалност, се разбира, со почитување на сите препораки од надлежните институции. Да бидеме реални, освен на стадионите на Црвена Звезда и на Партизан, во Суперлигата ионака нема многу навивачи, па поради тоа и нема опасност од големо ширење на пандемијата. Дополнително, фудбалот е спорт кој се игра на отворен простор“, вели првиот човек на медицинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија.

 

Се вчитува...