Вејд Болдвин е МВП на месец март во Евролигата (ВИДЕО)

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Вејд Болдвин е избран за најкорисен играч на месец март во Евролигата. Во овој период Американецот го предводеше израелскиот клуб со пет победа.

На нив оствари просек од 18.4 поени и 4.6 асистенции за индекс на корисност од 23.2 со што не само што го врати својот тим во игра за место во разигрувањето, воедно и го доведе во поволна ситуацја во последните две кола да се бори за директно место во плеј-офот.

Се вчитува...