Двејн Вејд си замина од Чикаго

Ветеранот Двејн Вејд по само една сезона го напушти тимот на Чикаго булс. Легендата на Мајами Хит минатата сезона потпиша за тимот од родниот град, но таму остана само една сезона. Незадоволен од развојот на настаните, Вејд се откажа од осум милиони долари од својот загарантиран договор вреден 23 милиони за следната сезона, по што доби раскин и сега може да ја бира следната дестинација.

Вејд и Чикаго спогодбено го раскинаа договорот за новата сезона. Американските медиуми шпекулираат дека тој би можел повторно да игра заедно со Леброн Џејмс сега во Кливленд, но не ја исклучуваат опцијата и тој да се врати во Мајами хит. Во опција се и Сан Антонио спарс и Оклахома сити тандер.

Чувствувам дека ми е дојдено времето повторно да се борам за титулата. Сонував да заиграм за Чикаго, тоа ми се оствари, но сега имаме различна визија за иднината со челниците на клубот. Пријателски се разделуваме“ – изјави Вејд, кој минатата сезона во просек постигнуваше од 18,3 поени по натпревар во дресот на „биковите“ од Чикаго.

Се вчитува...