Вејн Руни донел дефинитивна одлука: На лето го напушта „Олд трафорд“

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, по завршувањето на оваа сезона ќе си замине од „Олд трафорд“. Тој донел ваква одлука откако сфатил дека неговата кариера ќе оди во надолна линија доколку остане во редовите на „црвените ѓаволи“. Менаџерот Жозе Мурињо и јавно му порача дека не може да му гарантира првотимски статус и голема минутажа, а тоа и го исполнува на секој нареден меч. Руни се поретко и поретко добива шанса за настап.

Токму од овие причини, Руни решил да замине, а се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Се споменуваше негово можно враќање во Евертон, а има понуди и од клубови од Кина и од Соединетите Американски Држави.

Заминувањето на Руни и ослободувањето од огромната плата од 250.000 фунти неделно што Англичанецот ја заработува ќе отвори простор за доведување на нов врвен голгетер на „Олд трафорд“, со Антоан Гризман на врвот на листата со желби на Жозе Мурињо.

Се вчитува...