Вејн Руни, „мамец“ за Ромелу Лукаку

Вејн Руни со години беше играч без кого тимот на Манчестер јунајтед не можеше да се замисли, но тоа повеќе не е случај со англискиот голгетер, кој веќе го најави заминувањето од „Олд трафорд“ поради премалата минутажа што ја добиваше од Жозе Мурињо. Сепак, тој уште повеќе го допре дното откако беше обелоденето дека Мурињо планира да го искористи Руни како „мамец“ во преговорите со Евертон за доведување на Ромелу Лукаку на „Олд трафорд“.

Роналд Куман бара неверојатни 100 милиони фунти за да го продаде Лукаку, а Мурињо сака да ја намали оваа сума вклучувајќи го во понудата и Руни. Со тоа искусниот голгетер би имал можност да ја заврши кариерата во клубот каде што ја почна, но финансиските услови што ќе му ги понуди Евертон сигурно ќе бидат многу послаби од оние од Кина и САД, од каде Руни веќе доби неколку интересни понуди.

Манчестер јунајтед го има проценето својот капитен на 17 милиони фунти, но дел од оваа сума „ѓаволите“ ќе му ја исплатат на самиот фудбалер, како „отпремнина“ за предвремениот раскин на договорот со кој Руни има загарантирана плата од 250.000 фунти неделно.

Останува да се види како ќе се одвиваат преговорите со Евертон и дали Мурињо ќе успее да дојде до Лукаку, за кого сериозно загреан а и неговиот поранешен клуб Челси.

Се вчитува...