Вејн Руни: Ме бараа во Челси, Сити и Реал Мадрид, но јас сакав во Барселона

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни сеуште е во фудбалот. Со 35 години ја извршува фунцијата играч/тренер во Дерби Каунти, сака да ги следи стапките на своите поранешни соиграчи од репрезентацијата, Френк Лампард и Стивен Џерард и набргу да се врати во Премерлигата како тренер.

Руни најголемиот дел од својата кариера ја помина на „Островот“, во дресовите на Евертон, Манчестер Јунајтед и сегашниот Дерби Каунти за кои постигна повеќе од 200 гола, а во подкасот за Јунајтед излезе и со неколку интересни факти кои можеле да ја променат историјата.

„Мурињо ме сакаше во Челси, а тука беа и Реал Мадрид, Барселона и Сити, но никогаш не ми беа опција. Сити беше само шпекулација. Бев спремен за два дена да одам и играм во Шпанија. Иделано, сакав да играм за Барселона, но поблиску до потпис беше Реал Мадрид. Во мојата глава постојано се вртеше ‘замисли играш во Барселона со Меси, Чави, Иниеста и Бускетс’. Во тоа време Меси играше како крило, но верувам дека ќе се вклопев совршено“ – изјави Вејн Руни.

На крајот Британецот остана на „Олд Трафорд“, а најголемата заслуга за тоа му припадна на Алекс Фергусон. Големата желба на Мурињо се оствари во 2017 година кога Португлаецот седна на клупата на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...