Англискиот ветеран Вејн Руни донел одлука следната година да ја заврши кариерата. Тој нема да ја одработи последната сезона од договорот со ДЦ Вашингтон Јунајтед, клубот од МЛС – лигата на САД. Руни одлучил да ја послуша сопругата Колин која очајно сака да се врати во Англија. Таа не е задоволна од животот во главниот град на Америка.
Вејн Руни минатата година се пресели од Островот во Соединетите Американски Држави, потпишувајќи договор со ДЦ Вашингтон Јунајтед. Претходно една сезона мина во Евертон, каде и ја започна кариерата, а од 2004 до 2017 година беше член на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА