Церемонијата за доделување на „Златната топка“ во Лондон носи голема вест што одекна во фудбалскиот свет.
По двегодишен целосен бојкот, Реал Мадрид повторно испраќа своја официјална делегација на овој престижен настан, пренесува францускиот „Л’Екип“. Многумина ја поврзуваат оваа одлука со фактот дека меѓу главните кандидати за наградата се ѕвездите на „кралскиот клуб“: Килијан Мбапе, Џуд Белингем и Винисиус Жуниор.
Конфликтот меѓу Мадрид и организаторите изби во 2024 година, кога наградата му припадна на Родри, а не на Винисиус Жуниор, за кого од Реал цврсто веруваа дека го заслужува трофејот по освојувањето на Лигата на шампионите. Поради тоа, како знак на протест, тие го откажаа своето доаѓање во Париз, а ја пропуштија церемонијата и следната година.
Враќањето на раководството на клубот и на номинираните играчи во Лондон веднаш поттикна шпекулации дека во Мадрид веќе го знаат исходот и веруваат во победата на еден од своите адути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
