Веќе се печатат и дресови, Меси има нов клуб!

Барселона се уште се надева дека ќе го задржи Лионел Меси на „Камп Ноу“ и по јуни 2021 година, но се поизвесно е дека Аргентинецот следното лето ќе ги промени клупските бои. Тој веќе во јануари ќе може да потпише преддоговор со новиот клуб, а според последните информации тоа ќе биде ПСЖ.

Францускиот првак покажува сериозен интерес за Аргентинецот, а медиумите од оваа земја тврдат дека „светците“ го победиле Манчестер Сити во трката по Меси, договарајќи ги начелно сите услови за негова преселба во Париз. Порталот „footballtransfers.com“ оди уште понапред со информацијата, објавувајќи дека од ПСЖ е најавен голем „бум“, а во подготовка се веќе и дресови од Лионел кои наскоро ќе бидат ставени на продажба.

Според овие информации, Меси ќе го објави преддоговорот уште во јануари, пред одржувањето на претседателските избори во Барселона, по што ПСЖ веднаш би стартувал со продажба на дресовите на својата идна суперѕвезда.

Се вчитува...