Мексиканскиот напаѓач Карлос Вела вели дека сакал да премине во Барселона, но неговиот клуб Лос Анџелес не му дозволил. Каталонците поради голем број на повреди добија право од Ла лига да купат еден фудбалер, а на Вела во тој момент му понудиле договор на четири месеци.
„Тогаш сакав да ја прифатам понудата, бидејќи беше навистина добра шанса. Не говорев: Сакам двогодишен договор и не сакам да преминам во Барселона доколку тоа не ми биде понудено. Рекоа четири месеци и јас стварно сакав да преминам на четири месеци, но Лос Анџелес не ми даде да преминам. Тоа беше разбирлива одлука, тие гледаат што е најдобро за клубот“, изјави Вела.
Тој во 2018 година од редовите на Еспањол премина во Лос Анџелес во кој запиша 64 натпревари на кои постигна неверојатни 53 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА