Велат Дончиќ бил дебел, но што е со Харден (ФОТО)

Американските медиуми се опседнати со тежината на европските ѕвезди во НБА-лигата, па пред секоја сезона анализираат фотографии од Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, барајќи ги причините што со неколку килограми плус се вратиле во САД.

Шокот синоќа беше огромен откако Џејмс Харден се појави во тимот на Хјустон на дуелот со Сан Антонио, со десетина килограми повеќе во однос на плејофот од пред неколку месеци.

„Брадата“ бунтува во Хјустон и бара да биде разменет во друг клуб пред стартот на сезоната, а зголемената тежина дефинитивно е дел од тактиката за да си обезбеди „дрејд“.

Харден мина на теренот 22 минути, период во кој реализираше 12 поени со шут од поле 3/10.

Се вчитува...