Серијата на победи на Работнички беше прекината на последното гостување против Шкендија, но „романтичарите“ се решени веќе на следниот натпревар, в четврток на домашен терен со Победа да атакуваат на нов триумф и да се приближат до горниот дел на табелата. Стојанче Велинов е оптимистички расположен во пресрет на новиот предизвик, на кој Работнички ќе стори се за да стигне до цел плен.
„Паузата ја искористивме за да се подготвиме уште подобро за предизвиците кои ни претстојат до крајот на есенскиот дел од првенството. В четврток ја пречекуваме Победа, и би рекол дека размислуваме единствено за победа и освојување на трите бода. Верувам дека ќе продолжиме со игрите кои ги прикажавме пред паузата, кога на арената „Филип Втори“ славевме против екипи како Пелистер, Вардар и Шкупи“, истакна Стојанче Велинов.
„Романтичарите“ моментно се наоѓаат на седмата позиција на табелата со 16 бода, но и натпревар помалку (оној одложениот против шампионот Вардар).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА