Велинов замина од Академија Пандев

Стојанче Велинов си заминува од составот на Академија Пандев. Тој во изминатите шест месеци беше дел од тимот кој успеа да го освои Купот на Македонија и го освои третото место во шампионатот. По завршувањето на сезоната сепак е одлучено да дојде до разделба.

„Благодарност за убавите моменти што ги имав со Академија Пандев, засекогаш ќе го паметам успесите со клубот“, истакна Велинов.

Тој претходно беше дел и од Работнички, Ренова, Силекс, Силекс, Тетекс, Брегалница и Трепча Косово.

Се вчитува...