Велкоски повторно стрела: Нов гол за нова победа на Сараево… (видео)

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски го запиша и осмиот гол сезонава во дресот на Сараево во шампионатот на БиХ.

Во 15. коло од Првата лига на БиХ, Сараево пред своите навивачи славеше со 4-2 против Младост. Велкоски го постигна четвртиот гол за „бордо тимот“ во 79. минута од средбата…

Со овој осми гол сезонава Крсте Велкоски се проби на второто место на листата на најдобрите стрелци во БиХ, единствено зад неговиот соиграч Ахметовиќ кој има 11 погодоци.

Сараево по оваа победа со 29 бода се израмни на третото место на табелата заедно со Железничар. На водечките две позиции се Зрински и Широки брег со по 31 бод.

Се вчитува...