Велкоски со Сараево и Велковски со Ријека обезбедија плеј-оф рунда, елиминација на Тошевски и Ростов

Крсте Велкоски, Бобан Николов, Висар Муслиу, Стефан Ристовски како и Дарко Велковски се македонските интернационалци кои обезбедија, со своите екипи, место во плеј-оф рундата од квалификациите во Лигата на Европа.

Велкоски настапи само во финишот на натпреварот на кој Сараево славеше со 2-1 против црногорскиот Будуќност. Во плеј-оф колото Сараево ќе се соочи со шкотски Селтик во обидот да дојде, за првпат во историјата, во групната фаза од Лигата на Европа.

Бобан Николов и Висар Муслиу, пак, одиграа цел натпревар за унгарски Мол Фехервар кој по изведувањето на пеналите го елиминираше француски Реимс.

Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски славеше против шкотски Абердин со 1-0, додеа Ријека во чии редови целиот натпревар го одигра Дарко Велковски по продолженијата со 2-0 славеше против украински Колос.

Во 3. коло во квалификациите за Лига Европа своите настапи ги завршија Давид Тошевски со руски Ростов кои беа елиминирани од Макаби Хаифа, како и Ардијан Цуцули и Владица Брдаровски со косовска Дрита која загуби со 2-0 од Легија Варшава. Елиминиран од Европа е и Јани Атанасов со Хајдук. Сплитски бели откако во претходното коло ја победија Ренова, сега загубија со 2-0 на гостувањето против Галатасарај во Истанбул.

Се вчитува...