Велкоски: Со Сараево сакаме и групна фаза од Лига Европа…

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски верува дека Сараево може да обезбеди место во плеј-оф рундата од квалификациите, а потоа и да се бори за групна фаза во Лигата на Европа.

Тимот од БиХ вечерва од 20 часот на домашен терен во 3. квалификациско коло го пречекува црногорскиот Будуќност. Велкоски, кој е капитен на „бордиот тим“, вели дека секој поединец во тимот е подготвен за остварување на целта…

„Нашата цел е секако пласман во плеј-оф колото, а потоа секако желба е и место во Лигата на Европа. Сите во тимот знаеме дека не смееме никако да се опуштиме пред натпреварот со Будуќност, затоа што знаеме дека ова е патот кој носи првпат во историјата една екипа од БиХ да се избори за групна фаза во европските натпреварувања“ – вели македонскиот офанзивец, и дополнува:

„Ќе ни недостасуваат навивачите, но без разлика на се очекувам да одиграме добар натпревар. Победата не е важна со колкава разлика ќе биде, и со 1-0 најважно е да продолжиме понатаму на европската сцена“.

Се вчитува...