РК Алкалоид веќе десетина дена е во тренажен процес, од почетокот на неделава е на висински подготовки во Маврово каде што во одлични пред сe временски услови акумулира енергија и ја подобрува физичката подготвеност за претстојните искушенија што ќе ги донесе сезоната.
РК Алкалоид следната сезона покрај Суперлигата, Куп на Македонија и ЕХФ Европски Куп ќе биде дел и од новото регионално натпреварување и ќе има плус предизвици и за сите нив ќе мора да биде добро подготвен.
Следат и првите контролни натпревари, но во моментов фокусот е на физичката спремност, а добрата вест од клубот е што сите ракометари се здрави и од прв тренинг работат со полн интензитет.
Мартин Велковски е еден од поискусните играчи во РК Алкалоид и веќе добро му е познат критериумот на тренерот и што од играчите ќе се бара во оваа фаза од подготовките.
„Пред се на сите сакам да им посакам добро здравје и добро да ги одработиме овие подготовки. Почнавме интензивно да тренираме уште во Скопје, сега се префрливме на Маврово. Имаме нови играчи што донесоа нова енергија. Атмосферата е добра. Оваа сезона мора да бидеме подобри од минатата. Дојдоа добри засилувања, покриени сме на сите позиции и сега треба само да работиме да не следи здравјето и заеднички да почнеме како што треба. Овде имаме добри услови за работа, од секој аспект. Добро сместување, одлични временски услови, имаме се што ни треба за квалитетно да се подготвиме“, изјави Мартин Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
