Велковски: Полска е пресилна, но можеме да сме втори и да одиме на ЕВРО 2020

Дарко Велковски конечно ги надмина проблемите со повредата што го мачеше подолго време и се појави во стартниот тим на македонската репрезентација на стартот од квалификациите за ЕВРО 2020. Поранешниот играч на Работнички и на Вардар го дели оптимизмот на репрезентативните колеги, дека е дојдено времето Македонија да се избори за пласман на едно Европско Првенство.

„Имаме многу млади фудбалери, единствено Пандев е повозрасен од 30 години, останатите се играчи од 20 до 26 години. Пандев е нашиот лидер, имаме добра генерација и одличен селектор. Мислам дека е дојдено времето Македонија да игра на едно Европско Првенство, се пласиравме и во заршницата од Лигата на Нации, каде догодина ќе играме полуфинале против Косово. Ниту во групата не сме без свои шанси. Мислам дека Полска е пресилна за сите останати и објективно е голем фаворит за првото место, но верувам дека ако продолжиме со добри игри можеме да стигнеме до втората позиција“ – оптимист е Дарко Велковски.

Клучни ќе бидат наредните квалификациски средби во кои во јуни нашиот национален тим ќе ги пречека Полска и Австрија.

Се вчитува...