Велковски се повреди, Периќ ќе мирува неколку дена, Табоада се врати на тренинзите на Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер се врати во нормален тренажен процес пред мартовските предизвици во плеј-офот на Суперлигата, ЕХФ Лига Европа и СЕХА Гаспром лигата. Мартин Велковски се повреди на последниот тренинг и предвиден е период на мирување. Медицинските служби ја следат неговата повреда.

Јосип Периќ нема сериозна повреда по натпреварот во Татабања и магнетната резонанца, но заради болки во рскавицата предвидено е неколкудневно мирување. Рение Табоада се приклучи на тренинзите на екипата по периодот на изолација по позитивниот тест од ковид-19

Еурофарм Пелистер последниот меч од групната фаза во Лигата на Европа ќе го одигра следниот вторник во арената „Боро Чурлевски“ во Битола од 18.45 часот.

Се вчитува...