Велковски: Се враќам во ритам токму пред стартот на квалификациите за ЕП

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски конечно добива вистинска шанса во дресот на хрватскиот прволигаш Ријека.

Два едноподруго натпревари Велковски добива минутажа за хрватскиот тим, на вчерашниот дуел благодарение и на повредата на Пунчец одигрувајќи 80 минути во триумфот од 2-0 против Истра.

„Секако задоволен сум што веќе се повеќе ја добивам довербата на стручниот штаб. Подготвен сум максимално, верувам во своите квалитети и затоа сум среќен и што сега некако доаѓа темпирање на формата и пред стартот на квалификациите со репрезентацијата за пласман на Европското првенство 2020“ – вели Велковски чиј играчки ритам е повеќе од добредојден и за селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски посебно по проблемите со повреди на неколку стандардни дефанзивци.

Се вчитува...