Венгер го достигна сер Алекс, но само по мечеви во Премиер – лигата

Францускиот стратег Арсен Венгер успеа да достигне еден рекорд на легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон. На вечерашниот меч меѓу Кристал Палас и Арсенал, Венгер го бележи 810. натпревар како предводник на „топчиите“ во Премиер – лигата. Со тоа го достигна остварувањето на Фергусон.

Но, поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ е секако многу поуспешен во својата кариера. Венгер може да се пофали само со три освоени шампионски трофеи во Англија, иако на клупата на Арсенал е од далечната 1996 година. Сер Алекс Фергусон освои 13 како кормилар на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...