Венгер го пронајде наследникот на Алексис Санчез

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез нема да го продолжи договорот со Арсенал, а менаџерот Арсен Венгер веќе интензивно е во потрага по неговиот наследник. И, според британските медиуми, го пронајде во Кристал Палас. Венгер сака да го купи Вилфрид Заха во зимскиот преоден рок, како замена за Алексис Санчез, кој многу веројатно кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити.

Арсенал е подготвен да плати 35 милиони фунти за да го ангажира Заха, кој оваа сезона има одлични настапи. Тој во минатото направи трансфер во Манчестер јунајтед, но се чини дека беше премногу млад за да се соочи со предизвикот што го носи голем клуб. Сега е многу позрел, а Арсенал би можел да биде негова втора голема шанса.

Покрај Заха, менаџерот Арсен Венгер е сериозно заинтересиран и за крилниот напаѓач на Порто, Јасин Брахими.

Се вчитува...