Венгер: Не сум изненаден, Суперлигата беше осудена на пропаст

Арсен Венгер уште пред извесно време анализираше дека формирањето на Суперлига би можело да биде погубно за фудбалот, но и потенцираше дека е речиси невозможно да се создадат услови за нејзино стартување.

Сега кога пријавените клубови почнаа да се откажуваат само два дена по официјализацијата на проектот, Венгер ликува во новонастанатата ситуација.

„Искрено, не сум изненаден, Суперлигата беше однапред осудена на пропаст. Сакаа да организираат натпреварување кое ќе ги игнорира принципите на спортска заслуга. Со тоа, ги убивате домашните првенства, нешто што навивачите никогаш нема да го дозволат“, изјави поранешниот стратег на Арсенал.

Се вчитува...