Венгер размислува дали да стане директор на ПСЖ

Францускиот стратег Арсен Венгер го напушти Арсенал по 22 години на кормилото на „топчиите“ и сега е на крстопат, иако има неколку одлични понуди од европски гиганти. Тој би сакал да се врати во татковината, а оттаму доаѓа понудата на Пари Сен Жермен да ја преземе функцијата – директор за фудбалски операции во клубот. Тоа е и неговата главна дилема, дали да продолжи да работи како тренер, или да се вклучи во раководниот сектор на „светците“.

„Не можам така лесно да одлучам. Имам интересни понуди, но се уште сум во шок. Мора да ме сфатите, повеќе од две децении бев на клупата на Арсенал и сега ја напуштив. Ќе размислам добро, и не знам дали ќе можам да одлучам толку брзо“, изјави Арсен Венгер.

Во меѓувреме, Венгер ја прифати понудата да биде стручен аналитичар на телевизијата БеинСпорт за натпреварите од следниот мундијал.

Се вчитува...