Верати „поцрвене“, а Кавани израмни од „флипер-акција“

Пари Сен Жермен успеа да израмни на 1-1 на „Паркот на принцовите“ со голот на Единсон Кавани во 71.минута од мечот. По една долга акција и карамбол во шеснаесетникот на Реал Мадрид, на крајот со „флипер-акција“ Кавани ја испрати топката во мрежата на „кралевите“.

Пет минути претходно, Марко Верати беше исклучен, откако доби втор жолт картон поради очигледен приговор и гетикулација кон судијата Феликс Брих.

Се вчитува...