Вердер го отпушти тренерот пред клучниот меч во сезоната

Управата на Вердер донесе неочекувана одлука, врачувајќи му отказ на тренерот Флоријан Кофелт на само едно коло до крајот на сезоната во Бундес-лигата. Клубот од Бремен се наоѓа во огромна криза, нема триумф во последните девет рунди, па сега се соочува со сериозна опасност да испадне од елитното друштво.

Поради ова беше донесена одлуката да биде сменет Кофелт и на негово место да биде доведен Томас Шаф, тренеот кој ја донесе последната титула на Врдер во клупската историја, во сезоната 2003/2004.

„По последниот пораз од Аугсбург стана јасно дека тешко ќе го задржиме прволигашкиот статус ако го оставиме Кофелт за тренер. Се уште го сметаме за добар стратег, но со оглед на околностите моравме да реагираме на ваков начин“, изјави клупскиот директор Франк Бауман.

Задачата на Шаф не е нималку лесна, Вердер во последното коло ја пречекува Борусија Менхенгладбах и мора да слави на овој меч, бидејќи доколку тоа не се случи, а претпоследниот Келн во својот меч го совлада „фенерџијата“ Шалке, тоа ќе значи автоматско испаѓање на бундеслигашот од Бремен.

Се вчитува...