Вернер го „пецна“ Тухел: Се чувствувам подобро кога играм за Германија отколку во Челси!

Напаѓачот на Челси, Тимо Вернер изјави дека се чувствува подобро кога игра за Германија отколку за лондонскиот клуб поради „различните стилови“.

26-годишниот напаѓач премина во Челзи благодарение на одличните настапи за РБ Лајпциг но не успеа да го достигне нивото на кое треба да биде во англискиот клуб.

„Работите не одат онака како што посакувам во Челси, но работите се многу подобри тука под раководство на Ханси Флик. Навистина ми е пријатно да играм фудбал без разлика на која позиција сум. Но има разлики во стилот на играта во репрезентацијата и во Челси. Тука имам поголеми шанси да постигнам голови. Искрено, многу подобро се чувствувам во репрезентацијата“, потенцираше Вернер.

Се вчитува...