Најновото засилување на Челси, Германецот Тимо Вернер верува дека со преземањето на Френк Лампард на тимот, почнува нова ера во англискиот премиер-лигаш. Тој летово се пресели од Лајпциг и се надева дека уште следната сезона тимот ќе биде конкурентен за освојување на трофејот во Премиер-лигата.
„Исполнување на сонот за мене е да работам со Френк Лампард, но и Петар Чех кој е во тимот. Тие направија многу за Челси. Во генерацијата со Дидие Дрогба успеаја да ги освојат сите трофеи. Сепак, јас не сакам да бидам ист фудбалер како нив. Сакам да бидам дел од една нова ера на клубот и да дадам се од себе“, изјави Вернер.
Челси со победата над Вулверхемптон во последното коло од Премиер-лигата обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а викендов Фрaнк Лампард ќе има шанса да стигне и до првиот трофеј во кариерата како тренер бидејќи го очекува финале во ФА купот каде ќе се сретне со Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА