Рома влезе во нова победничка низа во Серија А откако во 5. коло на домашен терен славеше против Верона со 2-0 потврдувајќи ја фаворитската улога.
Натпреварот го отвори Довбик со гол уште во 7. минута од средбата пред во 79. минута Соуле да го постигне вториот гол за „волчицата“ за мирен финиш и нови три бода со кои Рома останува во чекор со Наполи и Јувентус за шампионската титула.
Претхоно Сасуоло славеше со 3-1 против Удинезе, додека Пиза и Фиорентина ремизираа без голови.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

