Верона силно го тресна Милан

Милан никако да фати победнички ритам во континуитет. Посебно се проблематични гостувањата, па „росонерите“ настрадаа и денеска во Верона. Тимот на Џенаро Гатузо е декласиран со убедливи 3-0 од Верона, која се бори за опстанок во Серија А.

Карачоло во 24.минута го најави изненадувањето на овој меч, а Верона продолжи да игра одлично и во второто полувреме. Кин зголеми на 2-0 во 55.минута, а Беса го постави конечниот резултат во 77.минута. Во завршницата Сусо заработи и црвен картон за заокружување на дебаклот на Милан.

Се вчитува...