Верона со триумф против Специја обезбеди место во Серија А

Верона го осигура своето место во Серија А и следната сезона откако во бараж натпреварот за опстанок славеше со 3-1 против Специја во натпревар во кој сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Голеадата започна во 5. минута кога мрежата ја затресе Фараони за гостинска предност, а откако Ампаду изедначи на 1-1 во 15. минута до крајот на полувремето следеа уште два гола на Нгонге во 26. и 38. минута за конечни 3-1.

Во второто полувреме Верона остана со играч помалку откако со рака играше Фараони во шестнаестникот, но Нзола не го искористи пеналот за намалување на негативата и неизвесна завршница.

Покрај Специја во Серија Б следната сезона ќе настапуваат и Кремонесе и Сампдорија кои завршија на претпоследното, односно последното место на табелата.

Се вчитува...