Верстапен го израмни рекордот на победи во една сезона – Холанѓанецот застана рамо до рамо со Шумахер и Фетел

Макс Верстапен викендов ја освои Големата Награда на САД. Двократниот првак иако имаше проблеми, откако долго се задржа во боксот и загуби осум секунди, експресно се врати на патеката и ги мина Хамилтон и Леклер за ново славје.

Со овој триумф, Верстапен сезонава застана на бројката од 13. Тоа значи дека Холанѓанецот го израмни рекордот за победи во една сезона, па така дојде рамо до рамо со резултатот на Михаел Шумахер во 2004 и на Себастијан Фетел во 2013 година.

Секако, до крајот на сезонава Верстапен со своето темпо веројатно ќе го надмине овој рекорд и ќе стане водечки. Инаку, следната трка се вози во Мексико наредниот викенд.

Се вчитува...