Верстапен после освоената титула: Ова е лудо, неверојатно

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен денеска со победата на Сузука за ГН на Јапонија, ја осигура својата втора шампионска титула во Формула 1 шампионатот.

Верстапен после трката кажа дека емоциите му се помешани, што после долго чекање дали е или не е шампион, стана светски првак.

„Ова е лудо, емоциите ми се измешани. Освојување на титулата, неверојатна година која ја имавме. Ова е неверојатно“, рече Верстапен. 

Во конфузијата околу тоа дали е шампион или, потоа официјално беше објавено дека Холанѓанецот ја обезбеди втората титула по ред.

Се вчитува...