Верувале или не: Роналдињо се враќа на фудбалот, и тоа во третата лига на Италија

Во ноќта кога во фокусот е мундијалскиот фудбал, пристигнува неверојатна вест што не е поврзана со СП 2026. Легендарниот Роналдињо е подготвен за камбек на фудбалските терени, и тоа во италијанската Серија Ц како член на Равена.

Газда на овој клуб е милијардерот Игнацио Чиприани, Равена сезонава за малку не влезе во Серија Б, што беше само мотив плус за управата да тргне во создава на уште посилен играчки кадар, почнувајќи од потписот на Роналдињо.

Се е договорено, а официјалниот потпис и промоцијата се закажани како голем настанн во Мајами на 23 јуни.

„Нови бои, истата насмевка. Едвај чекам повторно да танцувам со топката во нозе и да испишеме нова историја, заедно со Игнацио и неговото семејство“, потврди Роналдињо.

Се вчитува...