Веселин Вујовиќ: Алкалоид е одличен проект, кој е темелот за иднината на македонската репрезентација

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ овој пат, како селектор на Катар, е евентуален противникот на македонската репрезентација на Светското ракометно првенство кое стартува денеска, доколку успееме да ја минеме прелиминарната рунда од шампионатот.

Во разговор за „Балкан хендбол“, популарниот Вујо вели дека Македонија има млада надежна селекција, која се гради пред се благодарение на извонредниот проект на РК Алкалоид а кој во иднина треба да биде темелот на македонскиот ракомет.

„Кире Лазаров направи многу за македонскиот ракомет во минатот како играч, а сега и како тренер на РК Алкалоид. Тие деца во РК Алкалоид играат навистина добар и модерен ракомет, и тоа е темелот и на македонската репрезентација“ – вели Вујовиќ и дополнува:

„Ниту една репрезентација на светот не направила успех, ако немала квалитетен клуб. Македонија тоа го прави сега со РК Алкалоид. Дали е овој тој момент за нив? Не, ама ова ќе биде големо искуство за нив. Македонците сметаат дека ако се сретнеме во главната рунда тогаш ќе можат да го победат Катар. Од друга страна Катар размислува дека може да ја победи Македонија“.

Се вчитува...